About us

Macedonian

За MFB (Противпожарна бригада на централното градско подрачје)

Противпожарната бригада на централното градско подрачје (Metropolitan Fire Brigade) обезбедува реагирање во итни случаји за над 2 милиони луѓе кои живеат во централното градско подрачје на Мелбурн. Подрачјето кое го опслужува MFB е поделено во четири зони (централна, јужна, северна и западна) и секоја зона е одговорна за раководење со одреден број на противпожарни станици. Постојат 47 протипожарни станици кои ги раководи MFB.

MFB има вработено над 1700 пожарникари кои обезбедуваат бројни услуги, вклучувајќи:

потиснување на сите видови на пожари

потрага и спасување во населени места

спасување од висок ранг

спасување при сообраќајни несреќи

  • реагирање при итни медицински случаји (EMR)
  • итни случаји во водите на заливот Port Phillip и речниот систем во централното градско подрачје
  • несреќи во индустриски зони и незгоди при ракување со, и складирање на опасен материјал
  • поддршка на други агенции за справување со несреќи во итни случаји
  • итни случаји од хемиски, биолошки и радиолошки тип
  • образување на заедницата и информирање околу спречување на пожари и противпожарна заштита

Што да се стори при итен случај

При Итен случај јавете се на 000 и побарајте противпожарна бригада, полиција или возило за итна помош

Кога ќе одговори операторот, ве молиме дајте му/й ги следните основни информации:

  • вид на итен случај
  • вашиот домашен телефонски број
  • име на улицата и на најблиската улица со која се вкрстува
  • населба
  • држава
  • страница со локацијата во Melways (доколку ја знаете)

Откако ќе бидете надвор од имотот што гори, никогаш не се враќајте внатре – пречекајте ја противпожарната бригада на безбедно место

Како да стапите во контакт со MFB за општи прашања

За општи прашања, јавете се на Преведувачката и толкувачката служба (Translating and Interpreting Services - TIS) на 13 14 15 и посочете го јазикот кој го зборувате. TIS ќе ве поврзе со некој толкувач, и откако толкувачот ќе биде на линија, побарајте да бидете поврзани со MFB на (03) 9662 2311.

Образување на заедницата

Одделот за образување на заедницата на MFB е во блиска соработка со различните заедници во Викторија за да развива програми за образување за противпожарна заштита и спречување на пожари кои се специјално осмислени за да одговорат на специфичните потреби на различните групи. Одделот за образување на заедницата има развиено бројни образовни ресурси на јазици различни од англискиот и има обучени олеснувачи од заедницата кои зборуваат на два јазика за да помагаат во пренесувањето на информациите за противпожарна заштита.

За повеќе информации околу Програмата за образување на заедницата на MFB јавете се на:

(03) 9665 4464.

Програма за мултикултурно поврзување

MFB има назначено Службеник за мултикултурно поврзување (Multicultural Liaison Officer - MLO) за секоја од своите четири зони. Улогата на Службеникот за мултикултурно поврзување е да се поврзува со новосоздадените заедници и да ги поврзува со услугите и програмите на MFB. Службениците за мултикултурно поврзување играат битна улога во идентификување на ризиците од пожари низ мултикултурните заедници и во помагањето на MFB подобро да одговара на потребите од безбедност во заедницата во новосоздадените заедници, како и во оние кои постојат од одамна. Со Службениците за мултикултурно поврзување може да се стапи во контакт на следниот начин:

Јужна зона: (03) 9665 9710
Централна зона: (03) 9665 9746
Западна зона: (03) 9665 4358
Северна зона: (03) 9665 4479

Оддел за развој на различности

MFB е посветена на различностите и има создадено оддел кој се фокусира на прашања поврзани со домородното население, мултикултурни работи и инвалидитет.

Одделот за развој на различностите е одговорен за полето на политики, истражувања и стратегии, и работа во партнерство со владата и заедницата.

За повеќе информации ве молиме обратете се до Одделот за развој на различности

Управител
(03) 9665 4436

Координатор за мултикултурни работи
(03) 9665 4612

Координатор за пристапност за лица со инвалидитет
(03) 9665 4448

Службеник за поврзаност со домородното население
(03) 9665 9716

или преку електронска пошта на diversity@mfb.vic.gov.au

Back to top
Facts and Features
Safety Tip

The Australasian Fire and Emergency Services Authority Council (AFAC) recommends monthly testing of smoke alarms to ensure they are working correctly.

readAllSafetyTips
Its True

Only working Smoke Alarms save lives.

smokeAlarms
Dial 000 for emergency